Учениците од ОУ „Кирил и Методиј “ во посета на општината
Учениците од ОУ „Кирил и Методиј “ во посета на општината
Во посета на општина Гази Баба беа ученици од 4-то и 5-то одделение од основното училиште „Кирил и Методиј“ од н.м Стајковци и од подрачното училиште во н.м Страчинци, по повод изучување на методската единица Општина по предметот Општество.
Учениците се запознаа со секторите и одделенијата во општината, со работните задолженија и обврски на општинската администрација, и имаа можност да поставуваат прашања во рамките на нивните интересирања.
10.03.2016 |
Air Jordan