Учениците од ОУ „Вера Јоциќ “ во посета на општината
Учениците од ОУ „Вера Јоциќ “ во посета на општината
Во посета на општина Гази Баба беа ученици од 4-то одделение од основното училиште „Вера Јоциќ “, по повод изучување на методската единица Општина, по предметот Општество.
Тие се запознаа со работните задолженија и обврски на општинската администрација и имаа можност да поставуваат прашања во рамките на нивните детски интересирања.
Учениците имаа средба и со градоначалникот Тони Трајковски кој им ја објасни својата функција во општината, задолженијата и обврските кои произлегуваат од неговото работно место и им даде одговори на нивните поставени прашања.
09.03.2016 |
Air Jordan