Училишни активности во ОУ Дане Крапчев
По повод Светските денови на Акција во рамките на проектот Еко Училиште учениците од ООУ Дане Крапчев со своите наставници спроведоа повеќе активности како едукативно предавање на тема климатски промени и влијание на човекот врз Планетата Земја, предавачи беа ученици од 9-одд. на ученици од оделенска настава под менторство на наставник по биологија. Засадување на рози кои во зимскиот период беа одгледувани од учениците (розите се одбрани како садници кои во себе ги акумулираат тешките метали кои се ослободуваат во атмосферата од загадувачите). Интезивирање на собирна акција за стара хартија, пластични шишиња и е-отпад кои континуирано се собираат во училиштето, односно одредување на ден за масовно собирање на отпад. Исто така во рамките на овие активности се одбележа и настанот Садница + при што се засадија семки од елка кои учениците ќе ги негуваат и одгледуваат за да израснат малди садници со кои ќе го украсат училишниот двор. 19.04.2016 |