Уредување на зеленилото во Гази Баба
Општина Гази Баба во соработка со ЈКП „Гази Баба 2007“ го уредуваат зеленилото низ општината. Вработените ги косат тревнатите површини во парковите, зеленилото покрај улиците во урбаниот дел и покрај патот Стајковци – Раштак, како и спортските игралишта во Трубарево, Ергеле, „Гоце Делчев“, Колонија и Идризово. Во ЈКП Гази Баба работат 45 сезонски работници, од кои 10 како косачи, а за обавување на работите располагаат со 12 тримери, 4 косилки, еден телескоп и едно тракторче за косење. Општина Гази Баба апелира до заедниците на станари и до сопствениците на индивидуалните станбени згради да ја косат тревата и да ги уредуваат приодите кон станбените згради и индивидуалните куќи. 18.04.2016 |