Успешна реализација на проектот „Посета на стари лица во домашни услови“
Успешна реализација на проектот „Посета на стари лица во домашни услови“
Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ - Maџари освен што се работи на социјална инклузија на старите лица за нивно активно стареење и континуирано вклучување во еден софистициран процес на социјализација се реализира и посета на старите изнемоштени лица во домашни услови. Посетата се врши од страна на тим кој го сочинуваат (стручна служба од ООЦК Гази Баба, доктор и социјален работник).
При посетата се вршат општи здравствени прегледи, мерење на притисок и шеќер во крвта од страна на докторот, анамнеза за социјалниот статус, потребите кои ги има старото лице, поправка на апарати за домаќинство кои не се функционални, пазарење, набавка на лекови и сл.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници за 2016 година општината и ООЦК - Гази Баба обезбедија и доставија до старите лица пакети со храна со што им се помогна да ја надминат состојбата во која се наоѓаат.
Право на посета во домашни услови имаат стари неподвижни лица кои не се во можност да ги извршуваат секојдневните обврски и се лица од висок социјален ризик.
Проектот ќе продолжи да се реализира и во текот на цела 2016 година, бидејќи се покажа како мошне корисен и успешен. Сите заинтересирани можат да се информираат во Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови како и во просториите на општината.
18.02.2016 |
M2k Tekno