Инвестиција од 23,5 милиони денари за основните училишта во Гази Баба
Градоначалникот Тони Трајковски заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изврши увид во тековни градежни активности во ООУ„ Кирил и Методиј". Министерството за образование и наука изврши комплетна промена на кровот и подот во училиштето во вредност од 8,6 милиони денари, а во соработка со општина Гази Баба се продолжува да се работи се со цел да се подобрат условите за изведување на наставата. Градоначалникот изјави дека активностите одлично се одвиваат, согласно предвидената динамика и дека заедно со директорката на училиштето и персоналот се прават дополнителни зафати за реконструкција на просториите во училиштето. Предвидениот рок за завршување на реконструкцијата на просториите во училиштето е 1 септември, односно почетокот на новата учебна година, со што учениците ќе добијат нови и подобри услови за работа. Тој дополни дека во летниот период ќе се работи на подобрување на условите на просториите во сите 11 основни училишта, со што се издвоени 10.300.000,00 денари. Всушност, тоа значи дека за летниот период се предвидени 18.900.00,00 денари за реконструкција на основните училишта во Општина Гази Баба. Заменик министер, Спиро Ристовски истакна дека Министерството за образование и наука ќе продолжи во иднина со проекти поврзани со општина Гази Баба и дека во план е изградба на нова спортска сала од помал тип која ќе биде исклучиво за потребите на училиштето ОУ„Кирил и Методиј". Министерството работи и на други активности на подрачјето на Гази Баба, имено веќе е избрана компанија која ќе го изработи проектот за ООУ "Крсте Мисирков", а во тек се и преговорите преку секретеријатот за Европски прашања кои се во соработка со кинеската влада и се релевантни за изградба на новото основно училиште "Вера Јоциќ" во н.Хиподром. Во завршна фаза е комплетното опремување на ООУ„Григор Прличев" во н.Железара, каде училиштето се опремува со нов инвентар, нови нагледни средства, опрема во лабораториите, во вредност од 4,5 милиони денари, кои се обезбедени од кредитот од Светска банка. 24.06.2016 |