Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Прес конференција „Вистината за Космос“

Градоначалникот Тони Трајковски ја започна прес конференцијата со цитирање на Член 289 од ЗКП кој се однесува на тајноста на предистражната постапка.

Во него се вели „Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“.

Викендов медиумите објавија дека советникот од СДСМ Дарио Николовски знаел за постапката која што ја води Специјалното јавно обвинителство уште пред истата да биде објавена на прес конференција. Според медиумите пред да соопшти СЈО, советникот знаел за кого е истрагата и под кое име се води.

Неговото објавување на детали на фејсбук профилот од предистражната постапка значи две работи. Или СЈО е под целосна контрола на СДСМ и ажурно ги спроведува наредбите кои ќе ги добие од централата на Бихаќка, па од таму точно знаат што и кога ќе се објави, или заради непрофесионализмот и партиската пристрасност на Катица Јанева и некои обвинители од СЈО, незаконски се брифираат луѓе од СДСМ.

Што и да е од овие две работи, станува збор за кршење на Законот за кривична постапка и за кривично дело.

Исто така е јасно дека глумењето на инквизиција и партиските прес конференции на СЈО се само параван за да се покријат конструкциите кои не се базираат на докази, туку се базираат на наредби за кривично гонење дадени директно од Зоран Заев. Затоа и СДСМ смета дека е неопходно нивните активисти преку социјалните мрежи да се закануваат и да шират хистерија , уште пред театралните настапи на Катица Јанева. Да имаа барем еден правен доказ, немаше така да постапуваат.

Да биде срамот уште поголем, советникот од СДСМ Дарио Николовски, викендов бришеше и ги менуваше постовите на својот фајсбук профил за да ги отстрани трагите кои укажуваа на поврзаност и координираност на неговата партија со СЈО.

Затоа инсистираме да се спроведе сериозна кривична истрага околу пробивањето на тајни информации од СЈО и сите одговорни и од тимот на Катица Јанева и од СДСМ да бидат повикани на службен разговор и да ги објаснат релациите.

Катица Јанева од ден на ден се повеќе заглавува во политика и ја губи довербата од граѓаните. Сепак таа добива пари од буџетот на државата и мора да работи законски. Граѓаните од неа не очекуваат да функционира како приватно обвинителство на Зоран Заев.

Денеска пред македонската јавност ќе продолжиме со презентирање на Вистината за случајот Космос.

Космос беше дивоградба и таа не смееше да биде третирана поинаку од која било друга дивоградба само заради тоа што сопственикот е богат или има политичка поддршка.

Повеќе пати низ судските постапки во Управен суд и Виш Управен суд како и со решение од Уставен суд сме ја докажале нашата законска постапка во случајот Космос, ќе ја искористам секоја правна можност согласно Законот и Уставот уште еднаш да докажам дека законски се постапуваше.

Жалам што СЈО не ги презентира сите факти и аргументи кои ние им ги доставивме, односно не обвинија без докази. Затоа ние ќе ја презентираме Вистината за случајот Космос.

Еден од нивните аргументи без да го презентираат јавно, а само го спомнаа беше Стручното мислење од Архитектонскиот факултет.

Од сите документи што ги добивме од факултетот, се констатира дека незаконски е дадено стручното мислење и незаконски е постапено од страна на професорите, за што имаме и записник од страна на Државниот просветен инспекторат.

Но и покрај тоа, во самото стручно мислење на еден од професорите, потврдува дека објектот се градел повисоко и била направена одредена пренамена.

Втор неаргументиран атак врз мене и моите колеги беше дека незаконски била избрана фирмата за рушење и дека е направена штета од 2.999.560 ден.

Ова не е точно, односно сакам да потенцирам дека согласно законот за Општо управна постапка и Законот за градење обврската за спроведување на решението од инспекторката е на Инвеститорот, но во конкретниов случај затоа што инвеститорот не пристапи кон извршување на решението од инспекторката, односно тој понатаму продолжи со градење, ние моравме да направиме присилно административно спроведување на решението, а согласно член 143 став 2 од Законот за градење надоместокот за рушење, општината го наплаќа од инвеститорот, за што веќе имаме и правосилна Пресуда од Вишиот управен суд и сме во постапка со извршител за наплата на паричните средства.

Ова беше уште една невистина и лага од страна на СЈО дека е оштетен буџетот на Општината.

Сакам да Ве потсетам дека г-динот Фијат Цановски само пред извесно време имаше изјава на медиумите дека се во животот градел легално и истиот тој само неколку дена подоцна се демантираше со тоа што поднесе барање за легализација на факултетот ФОН за сите три парцели на кој што е сместен факултетот, односно повторно ја излажа македонската јавност и најверојатно повторно ќе бара аргументи за новата дивоградба во политиката а не во законот.

Доблесно беше од негова страна наместо пред Општина Гази Баба денешната прес конференција тој да ја одржи пред неговата нова дивоградба факултетот ФОН.


25.04.2016

 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree