Во чест на празникот Св. Ѓорѓија
По повод верскиот празник Свети Ѓорѓија - Ѓурѓовден, во црквата Св. Ѓорѓија во н.м. Трубарево се одржа манифестацијата „Ѓурѓовденско чествување“. Оваа манифестација се одржува втора година и е дел од Програмата за култура на општина Гази Баба за 2016 година.
Во преубавиот амбиент на црквата во Трубарево, настапија културно уметнички друштва од с. Дедино Радовиш, Ѓурѓево Република Србија општина Илинден и ЦМф Митеви. Најмладите го презентираа културното богатство и фолклорот од местата од каде доаѓаат со што ја одржуваат вековната традиција. Пред големиот број на граѓани, присуствуваше и градоначалникот Тони Трајковски, кој на сите присутни им го честита празникот, а на гостите им посака пријатен престој во нашата општина. 06.05.2016 |
Nike Air Max 270