Вонредна Седница на Совет
Советот на Општина Гази Габа ја одржа 48мата(вонредна) седница на советот на Општина Гази Баба, по повод невремето и штетите од елементарната непогода кои се направија на територијата на општината на ден 06.08.2016 година На седницата се усвои информацијата на градоначалникот за текот на активностите поврзани со штетите од елементарната непогода. Исто така, членовите на советот донесоа одлука за формирање на комисии за процена и утврдување на штета настаната од природни непогоди и други несреќи(по итна постапка) и одлука за доделување за еднократна парична помош на семејствата на починатите од елементарната непогода( по итна постапка) која изнесува 100 000 денари. 07.08.2016 |