Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

11-та тортијада „Слатка мистерија“

 

Во хотел „Континентал“ се одржа 11-та тортијада „Слатка мистерија 2017“ чиј организатор е општина Гази Баба, во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Учествуваа слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и граѓани во категоријата аматери.

Манифестацијата беше организирана во два дела, ревијален и официјален дел.

Во ревијалниот дел беа изложени сите торти на учесниците на девет општини од Град Скопје, а имаше и неколку музички точки каде учествуваа најмладите членови на Академија Рекреатива,Ребис Студио и КУД Митеви , додека пак во официјалниот дел беа претставени сите учесници, се лицитираше за тортите и се прогласуваа победниците.

Жири комисијата составена од: шеф Љупчо Гиевски, г-ѓа Вања Тодоровска и проф. Небојша Вуковиќ, ги избраа следниве торти за победнички:

Во категорија аматери:

1 место Тања Ристева

2 место Катерина Блажевиќ

3 место Еми Георѓиеска

Во категорија професионалци :

1 место Слаткарница Шехерезада

2 место Слаткарница Аромати Чоколатерија

3 место Г.Б Деливери

За најтематска торта беше избрана тортата на Виолета Прцуловска, најкреативна беше Катерина Блажевиќ, а за најдобар вкус беше избрана тортата на Сузана Георгиевска.

Градоначалникот Тони Трајковски ја предаде организацијата на манифестацијата за следната година на Општина Илинден на Градоначалникот Жика Стојановски, кој по тој повод ги почести сите присутни гости со торта со грбот на општината.

Во музичкиот дел настапуваа:Трио Џентлмени, Антониа Гиговска, Лајв Бенд и Даниела Темелковска.

Собраните средства од лицитацијата ќе се донираат на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.

12.02.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree