Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

500.000,00 денари за ФК Скопје

 

 

На денешната шеесет и втора седница на Советот на општина Гази Баба, беа усвоени сите точки од дневниот ред, помеѓу кои беше донесен и Ребалансот на Буџетот на Гази Баба за 2017 година.

По предлог на градоначалникот Тони Трајковски, во Програмата за млади и спорт за подрачјето на општина Гази Баба за 2017 година, во делот на „средства за тековни активности на спортските друштва“ кај „Фудбалскиот Клуб Скопје“, на веќе предвидените 200.000,00 денари беа усвоени уште 300.000,00 денари. 

Со ова, општината во Буџетот за 2017 година за ФК Скопје, единствениот прволигашки клуб од Гази Баба, за тековни активности издвои  500.000,00 денари.

31.07.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree