Акција за расчистување на Гази Баба
Општина Гази Баба во соработка со Градот Скопје и Јавните претпријатија , вчера и денес, организира акција за чистење на депониите и јавните површини на територија на општината.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се чистат депонии на 13 локации низ општината, каде има комунален отпад, во Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Ченто, Маџари и Хиподром. Вкупно во текот на вчерашниот ден беа собрани повеќе од 400 тони отпад, а во текот на денешниот ден се очекува да се собере повеќе од 300 тони отпад. Има поставено 8 пунктови на кои се чистат јавните површини и зеленило.
За оваа акција се ангажирани вкупно 260 лица доброволци преземени од Агенција за вработување преку Градот Скопје, како и дополнителни 150 лица од јавните претпријатија, општинската администрација, Природно- математичкиот факултет, Земјоделскиот и Хемискиот факултет, студенти од домот„ Стив Наумов“ и граѓани од општината.
Општинско комуналното претпријатие Гази Баба 2007 обезбеди целосна логистика за собирање и пренос на отпадот кој денес се собира од јавните површини и зеленило.
Градоначалникот Георгиевски изрази благодарност до сите кои се вклучија во акцијата за расчистување и разубавување на општината и најави дека овие акции ќе продолжат и во иднина.
Тој упати апел до граѓаните на општина Гази Баба да ја чуваат својата општина чиста, да се внимава каде се фрла отпадот и да не се уништува животната средина.
29.11.2017
Air Jordan