Активности во училиштата за време на зимскиот распуст
Основните училишта периодот на зимскиот распуст го искористија за подобрување на условите во објектите. Во ОУ „Наум Охридски" во Булачани беа реновирани ходниците, каде наместо терацо, поставени се плочки.
Во дворовите во училиштата во Булачани и Црешево, беа направени тротоари за побезбедно движење, а во тек е санација на настрешниците над влезните врати и на оградите на пристапните рампи. Во училиштето во Булачани во тек е изградба на потпорен зид со ограда, во должина од 40 метри.
12.01.2017