Асфалтирање на улици во Инџиково
Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, беа во работна посета на н. Инџиково, каде направија увид во градежните работи за асфалтирање на улица на потегот од црквата, покрај игралиштето, до последна автобуска постојка на број 65, со широчина од 5,5 м, изградба на тротоар од едната страна и асфалтирање на три споредни улици, со широчина од 3,5 м.
Вкупната должина изнесува 1600 метри.
Финансиските средства кои ги издвои градот Скопје за санирање на последиците од поплавата во 2016 година за улиците во Инџиково, изнесуваат 18 милиони денари.
Општина Гази Баба продолжува со санација и реконструкција на улиците во поплавените подрачја и во сите населени места предвидени во Програмата за 2017 година.
24.06.2017
Air Force 1