Јавен Оглас за ОКР 2017
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Гази Баба, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, во рамки на проектот „Стимулирање на правилен ран детски развој преку зајакнување на творечки, емоционални и физички капацитети на родители и деца од општина Гази Баба“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година ;
-млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
-родители на деца со пречки во развојот;
- родители на 3 и повеќе деца.
-жртви на семејно насилство;
- деца без родители и родителска грижа;
-самохрани родители;
-Роми;
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- 6 (шест) извршители негователи со завршено средно четири годишно образование и важечка лиценца за неговател,
- 2 (двајца) извршители дипломирани педагози со стекнати 240 кредити според ЕКТС или со завршен ВСС-VII/1 степен-Филозофски факултет, диполомиран педагог и важечка лиценца за стручен работник .
2 (двајца) извршители психолози со стекнати 240 кредити според ЕКТС или со завршен ВСС-VII/1 степен-Филозофски факултет, диполомиран психолог и важечка лиценца за стручен работник;. - 2 (двајца) извршители социјални работници со стекнати 240 кредити според ЕКТС или со завршен ВСС-VII/1 степен-Филозофски факултет, диполомиран социјален работник и важечка лиценца за стручен работник;
- 1 (еден) извршител диполомиран педагог по физичко вопитување со стекнати 240 кредити според ЕКТС или со завршен ВСС-VII/1 степен-Факултет за физичка култура, диполомиран педагог по физичко воспитување и важечка лиценца за стручен работник;
- 1(еден) извршител дипломиран ликовен педагог со стекнати 240 кредити според ЕКТС или со завршен ВСС-VII/1 степен-Факултет за ликовна уметност, дипломиран ликовен педагог со ВСС и важечка лиценца за стручен работник
Заинтресираните невработени лица пријавите за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да ги подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во: општина Гази Баба кај лицето Светлана Којчева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Флора Лачи, и во Центар за социјлна работа Гази Баба кај лицето Соња Арсовска.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
14.09.2017
Air Jordan