Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Дипломи и плакети за најдобрите во ПП квизот

Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба по 33-ти пат под покровителство на општина Гази Баба го организираше општинскиот противпожарен квиз, кој беше наменет за учениците од основните и средните училишта од подрачјето на општината, кој се одржа во основното училиште „Крум Тошев“ во н.м. Трубарево.

Натпреварите се одвиваа во две категории, кадети – за учениците до седмо одделение од основните училишта и јуниори – за учениците од осмо одделение и учениците од средните училишта.

На најдобрите екипи во категорија кадети и на учениците кои  имаа најдобри  литературни и ликовни творби им се доделија награди и дипломи.

Најдобрите литературни творби од конкурсот се:

- ТРЕТОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИКОТ ОД ОУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“  ИВАН БОГОЕВСКИ, А МЕНТОР Е  НАСТАВНИЧКАТА ЕЛЕНА МАЛИНОВА

- ВТОРОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИЧКАТА АНАСТАСИЈА СПАСОВСКА ОД ОУ „НАУМ ОХРИДСКИ“ , ЧИЈ МЕНТОР Е НАСТАВНИЧКАТА ЗЛАТКА ПАНЧЕВСКА

- ПРВОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИЧКАТА ДРАГАНА ПЕТРОВА ОД ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“,  СО МЕНТОРОТ МИРЈАНА МАЛЈАНОВСКА

Најдобрите ликовни творби од конкурсот се:

-  ТРЕТОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИЧКАТА СОЊА НАУНЧЕВСКА ОД ОУ „ЊЕГОШ “ , ЧИЈ МЕНТОР Е НАСТАВНИЧКАТА МИРЈАНА СРБИНОВСКА

- ВТОРОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИЧКАТА ВИКТОРИЈА ПОПОВСКА ОД ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“, ЧИЈ МЕНТОР Е НАСТАВНИКОТ НИКОЛА НАНЕВСКИ

- ПРВОТО МЕСТО ГО ОСВОИ УЧЕНИЧКАТА АНГЕЛА ДИМИТРИЕВСКА ОД ОУ „НАУМ НАУМОВСКИ -БОРЧЕ“  , СО МЕНТОРОТ МАРИЈА НИКОЛОВСКА НАНЕВСКА

 

Градоначалникот Борис Георгиевски на најдобрите од противпожарниот квиз од категоријата кадети им додели дипломи:

- ТРЕТО МЕСТО ЕКИПАТА ОУ„ КРУМ ТОШЕВ“  СО МЕНТОРОТ ДАНИЕЛА ПАВЛЕСКА

- ВТОРО МЕСТО ЕКИПАТА ОУ „СТИВ НАУМОВ“  СО МЕНТОРОТ АЛЕКСАНДРА ВЕЛИЧКОВСКА

- ПРВО МЕСТО ЕКИПАТА ОУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“  СО МЕНТОРОТ ЕЛЕНА ТОМЕВСКА

 

За поддршката и успешната соработка на општина Гази Баба со ППС Гази Баба, претседателот на ППС, Миливоје Игњатовиќ, на градоначалникот Георгиевски му подари симболичен подарок во знак на благодарност.

06.12.2017 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree