Доделени нови Решенија за легализација
Општина Гази Баба со денешните 50 Решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 18.800 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните, има поделено околу 6600.
Градоначалникот Тони Трајковски ги подели решенијата и ја нагласи важноста од навремено добивање на информации за градење, бидејќи новите дивоградби се третираат како кривично дело и сите информации за постапката за регуларно и целосно спроведување на законот за градење може да се добијат кај вработените во општината.
Исто така, до сега се изготвени околу 7000 урбанистички пресметки, од кои, за околу 500 се чека уплата на надоместокот, за да може постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да се продолжи.
24.03.2017
Nike KD 11