Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Доделување на плакети по повод Денот на Црвениот крст на РМ

 

Општина Гази Баба во соработка со Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба"-Скопје организираа свечен прием за крводарителите од општина Гази Баба, по повод 17 Март Денот на крводарителите и Ден на Црвениот крст на Република Македонија. Се доделуваа плакети и благодарници на повеќекратни дарители на крв од општина Гази Баба и воедно се одбележи јубилејот- 72 години од формирање на Црвен Крст во Р.Македонија и се одбележија  40 години од формирањето на општинската организација на Црвен Крст Гази Баба.

Пред присутните крводарители и гости се обратија Раководителот на Секторот за поддршка на Градоначалникот во општина Гази Баба, Емилија Ѓурчиновска Матевска и Претседателот на Комисијата за крводарителство при ООЦК Гази Баба- Скопје и член на Извршниот одбор на ООЦК Гази Баба, проф.д-р Петар Христов.

 На приемот беа поделени плакети на:

 -          Крводарителите кои дарувале 25 и повеќе пати крв:.

Зоран Кушен – МЗТ, Ангелина Давитковска- АД Алкалоид, Игор Савевски – Колонија Идризово, Борче Ангелески – ЈСП, Ивица Јакимовски- ЈСП, Бранко Ѓорѓиевски- ЈСП, Јане Бошески- ЈСП, Зоран Цаневски- ЈСП, Горан Петровски- ЈСП, Зоран Спасовски- ЈСП.

 

 -           Крводарителите кои дарувале 75 и повеќе пати крв:.

Драган Стојановски- ЈСП, Миќо Стојановски- ЈСП, Ивица  Глоговац- ЈСП.

 

  • Крводарител кој дарувал 100 пати и повеќе крв:

Марјан Јаневски - ЈСП

 

- Најдобра работна организација на подрачјето на Општина Гази Баба за 2016 год. е МВР- Центар за обука, со дарувани 769 единици крв.

 

- Најдобро средно училиште на подрачјето на Општина Гази Баба за 2016 год. е СЕТУГС „Михајло Пупин" – Скопје.

 

- Најдобра образовна институција од Високото образование на подрачјето на Општина Гази Баба за 2016 год. е УКМ Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје.

 

- Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 год. е Дејан Здравевски од ЈСП- Скопје.

 

Општинската организација на Црвен Крст „Гази Баба" во 2016 год. од вкупно планираните 2835 единици крв има реализирано 52 акции и има собрано 4775 единици крв. Планот за 2016 година е исполнет со 169 %, или поконкретно 1940 единици крв повеќе од планираното.

 

16.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree