Едукативна трибина против семејно насилство
Во организација на СВР- Скопје, Одделение за превенција и Општина Гази Баба, во големата сала во општината се одржа едукативна трибина која има за цел превенција, спречување и заштита од семејно насилство.
На настанот присуствуваа Биљана Милевска, началник на Одделението за превенција СВР Скопје, Ристо Јовановски, инспектор во СВР, од Одделението за превенција кои ја водеа презентацијата и даваа објаснување за оваа проблематика.
Учество во трибината земаа претставници од училиштата од општина Гази Баба, кои отворено разговараа за тоа како да се препознае,помогне и да се заштити личноста која е жртва на семејно насилство.
16.02.2017
Air Jordan 1 GS