Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Еко училиштата на средба со градоначалникот

 

Градоначалникот Тони Трајковски одржа средба со директорите на основните училишта од подрачјето на Гази Баба во врска со имплементација на Програмата „ Интерграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" кој се спроведува во рамките на Р. Македонија.

Оваа година меѓу наградените училишта со зелено знаме се ООУ „Дане Крапчев" и ООУ „Наум Охридски" а со сертификат за освоено сребрено ниво се здоби ООУ „Кирил и Методиј". Овие училишта ги задоволуваат предвидените критериуми и услови за добивање на статусот за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.

Меѓу условите кои се предвидени со оваа програма училиштата превземаа низа активности во насока на подобрување на условите за работа во училиштата и зачувување на животната средина, меѓу кои се и поставување на ПВЦ врати и прозорци, менување на старите кровови со нови, поставување на парно на пелети, базени за собирање на дождовница и низа други мерки.

16.02.2017

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree