ЕКОЛОШКА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ
На објавениот повик за поддршка на еколошки проекти за еко градинки со зелено знаме , како дел од програмата „Мали грантови", ЈУДГ " Детска радост "општина Гази Баба и оваа година повторно е наградена со мал грант.
Финансиската поддршка за реализација на еколошките проекти од „Програмата мали грантови" ја обезбедува Делегацијата на Европската Унија како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ" во рамките на темата животна средина со цел справување со загадувањето и обезбедување на „чиста животна средина за сите".
Во градинката Детска радост се работи на имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" од најрана возраст. Уште од најмали нозе кај децата се работи на развивање на еко свеста низ разни Еко активности, Еко акции, Еко кампањи, Еко Олимпијади, подржани од родителите на децата и општина Гази Баба.
Градинката има ЕКО КОДЕКС, ЕКО ХИМНА,ЕКО ПРАВИЛА.
На објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" градинката е веќе наградена со две зелени знамиња за 2013 и 2015 година, што е највисок статус на еко-градинките.
22.03.2017
Nike Air Force 1 07 Premium Just Do It AR7719-100 Shoes – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers