Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гази Баба со субвенции за индивидуалните корисници

 

Општина Гази Баба на денешната 57та седница на Советот на општината донесе одлука за субвенционирање односно превземање на обврските за плаќање надоместок за одводнување и одржување на каналската мржа на индивидуалните физички лица - корисници за 2017 година.

Од Буџетот на општината за 2017 година се издвоени 3.882.672,00 денари кои ќе бидат наменети за ЈП Водостопанство - подружница Скопско поле.

На оваа седница се усвои и извештајот на АД Водостопанство- подружница Скопско поле, за активностите во делот на одржување на каналската мрежа.

Во општина Гази Баба во текот на 2016 година изчистени се 29.700 метри каналска мрежа односно 9000метри повеќе од планираното.

Согласно планот на водостопанското претпријатие за 2017 година предвидено е да се исчистат 20.900 метри каналска мрежа.

Исто така, се усвои и Одлуката за финансиска поддршка на жителите од општината за изработка на техничка документација за топловодна опрема и инсталација.

Овој проект ќе се реализира во соработка со АД Елем-подружница „Енергетика" при што Гази Баба ќе учествува во подготовка на техничка документација за топлинските подстаници и главните цевоводи во 18 колективни згради во населбите Автокоманда, Хиподром и Триангла и 2 секундарни топловоди во населбите Триангла и Маџари.

На седницата беа усвоени и Одлуката за набавка на комбинирани возила за метење и чистење на улиците која треба да ја спроведе ЈКП Гази Баба и информацијата за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Гази Баба, доставена од ПС Гази Баба.

28.02.2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree