Градоначалникот Георгиевски избран за член на Управен одбор на Шаховската федерација на Македонија
Шаховската федерација на Македонија конституираше нов Управен одбор, согласно овластувањата на актуелниот претседател Благоја Богоевски, каде за потпретседател беше избран Златко Марин, Градоначалник на Општина Аеродром, а секретар на УО ќе биде Лидија Софревска од ШК „Алкалоид", меѓу останатите избрани членови беше и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Целта на овој УО ќе биде да овозможи услови за работа и да го врати достоинството и сјајот што шахот го имал во Македонија. Членовите на Управниот одбор очекуваат поддршка од сите надлежни институции, а најмногу од Агенцијата за млади и спорт.
На седницата беше лиферуван и Предлог календар за 2018 година во кој се наброени повеќе „опен" турнири, како и меѓународната програма со учество на Олимпијадата во Грузија.
14.12.2017
NIKE AIR MAX