Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

К О Н К У Р С за организирање на Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2017“.

 

Општина Гази Баба објавува Конкурс за организирање на Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2017“.

Организаторот мора да има поврзаност со фолклорната дејност, да биде регистриран со седиште во општина Гази Баба и да биде член на ЦИОФФ – Меѓународен Совет на организации на фолклорни друштва и фолклорна уметност.

Меѓународниот фестивал ќе се одржи од 01 – 04.07.2017 година.

Конкурсот трае шест дена од објавувањето на веб страната на општина Гази Баба, односно од 08.05.2017 год. до 12.05.2017 год.

Потребни документи:

  • Пријава (можете да ја симнете од веб страната)
  • Решение за регистрација на здружението
  • Писмена потврда за членство во ЦИОФФМакедонија

Пријавата и бараните документи се доставуваат во затворен плик на шалтер во општина Гази Баба, најдоцна до 12.05.2017 год. до 15,00 ч. или преку пошта на адреса: Сектор за поддршка на градоначалникот и јавни дејности, Општина Гази Баба ул. „Архимедова“ бр. 2, со назнака - Конкурс за Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2017“ 

 

 

 

 

                                                                                                                                    Општина Гази Баба

08.05.2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree