Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Каратистите на Металург на прием кај градоналалникот

 

Градоначалникот Тони Трајковски ги прими членовите на карате клубот Металург, кои на 3 и 4 јуни учествуваа на Европското првенство за региони во Приштина и им честиташе за големиот спортски успех. Имено, каратистите Мартин Несторовски, Азис Исмаил, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Емир Ќосовиќ, Семир Ќосовиќ и Давид Петков, со тренерот Мирче Јанушевски, го освоија првото место на ова големо натпреварување во категорија борби, каде учествуваа околу 20 земји.

Овој успех е уште поголем, бидејќи за да се освои пехар во екипно натпреварување, потребно е сите натпреварувачи да бидат одлично подготвени и мотивирани, а тоа се должи на нивните напорни вежби и дисциплината. Голема заслуга има и упорноста и искуството на тренерот Мирче Јанушевски, кој го прнесува своето знаење на помладата генерација.

Успехот на карате клубот Металург е и успех на општина Гази Баба и на Република Македонија, а поддршката која општината ја дава на овој клуб ке продолжи и понатаму, рече на средбата градоначалникот Трајковски.   

08.06.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree