Лицето на Скопје е Гази Баба, ставаме крај на сите диви депонии во општината
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска оствари работна средба со претставници на повеќе бизнис компании од Холандија, Чешка и Словачка.
Овие компании работат во делот за рециклирање на отпад, изработка на пречистителни станици, како и поставување на системи за енергетска ефикасност.
Градоначалникот Георгиевски пред компаниите истакна дека општина Гази Баба има проблем токму во тој дел, бидејќи делови на општината не се поврзани на канализационите системи, додека пак други немаат чиста вода за пиење.
- Овие проблеми треба да станат минато. Моја обврска е да направам се што е потребно за да го решиме овој долготраен процес. Веќе започнавме со активности за утврдување на црните точки, каде веднаш треба да започнеме со отстранување на дивите депонии низ општината.
Гази Баба е влезна порта на градот Скопје. Не смееме да дозволиме депониите да ја нарушат сликата за градот и општината – рече градоначалникот Георгиевски.
Градоначалникот Георгиевски го поздрави интересот на овие компании да се вклучат во решавањето на овие проблеми во општината и ги повика со нивното искуство и контакти да и помогнат на општината во трајно решавање на овие проблеми.
08.11.2017
Nike Air Jordan Retro 1 Red Black White - Buy Air Jordan 1 Retro (white / black / varsity red), Price: $60.85 - Air Jordan Shoes