Манифестација „Мартинки“
Месец март го симболизира доаѓањето на пролетта и по овој повод традиционално се плетат мартинки, кои се носат на рака или на облека уште од првиот ден во март, за здравје и среќа,плодност и долг живот, а потоа се закачуваат на првото расцветано дрво или додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк.
Мартинките се прават со испреплетување на бел и црвен конец, каде црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност.
Со цел да се зачува традицијата на нашите предци, шестта година по ред, општина Гази Баба и основните училишта ја организираа манифестација „Мартинки“, каде учениците во своите креативни работилници изработуваат мартинки, преку кои ги изразуваат своите креативни идеи и способности.
Во просториите на општината како предвесници на пролетта дојдоа децата од градинката „Детска радост“, кои го посетија градоначалникот Трајковски и му подарија рачно изработена мартинка.
01.03.2017
nike headquarters Sneakers