Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба 2017

 

Во рамките на Културно Лето „Гази Баба 2017“ се одржа осмиот меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба.

На концертот учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Полска, Турција, Австралија, Полска, Србија, Романија  како и домаќинот- Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“.

Фестивалот беше организиран од општина Гази Баба во соработка со Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“, а поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија и секоја година прераснува во фестивал посакуван за учество од културно уметнички друштва од Европа и светот.

Фестивалските вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, во дворот на ОУ„Наум Охридски“ во  н.м Булачани и во н.Железара во дворот на ОУ „Григор Прличев“.

Фолклорните друштва се претставија со песни и игри, претставувајќи дел од фолклорот и традицијата на своите земји.

На дел од програмата присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Трајковски ги поздрави присутните учесници , како и гостите кои го следеа концертот.

Фолклорните друштва со своите изведби, музика и прекрасните носии од своите држави ја воодушевија присутната публика.

05.07.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree