Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Младински турнир во шах

 

Во спортската сала на ООУ „Наум Наумовски – Борче" во населба Маџари, 106 млади шахисти поделени во три турнири, два дена се бореа со голем ентузијазам и желба за што подобар пласман.

Турнирот беше организиран по повод патрониот празник на ООУ Н.Н. Борче во соработка со општина Гази Баба и Шахофската федерација на Македонија. 

На турнирот присуствуваа родители и пријатели, спортски работници кои ги бодреа и пречекуваа своите шаховски јунаци после секој одигран круг.

На тунирот до 8 год. победникот Кирил Николовски со 9 победи од 9 партии стекна лут ривал во Муча Либерт кој освои 8 поени од 9 партии и ја најавија нивната кандидатура за првак на Македонија до 8 год.

Третото место по неизвесна борба го освои Деваја Арифи Илир кој во дирекната средба беше поуспешен од Андреи Калин.

На турнирот до 10 години најуспешен беше Цветковски Филип со 8 од 9, додека со 7,5 од 9 на второто и третотот место се пласираа Никола Павковски и Михаил Николовски.

На ОПЕН турнирот којшто се рејтингуваше, учествуваа 74 шахисти. Првото место со 8 поени од 9 партии го поделија Стојанов Птоломеј Петар и Ристески Емил. Првото место го освои Стојанов Птоломеј Петар затоа што имаше подобар бухолц.

Третото место го поделија Велјаноски Андреј и Петровиќ Лазар и повторно одлучи бухолцот сега во полза на Велјаноски Андреј. За најдобрите следуваа парични награди, медали, пехари и дипломи за секоја возрасна категорија почнувајки од 10,12,14 и 16 год. 

На овој турнир учествуваа шахисти од скоро сите шаховски школи во Македонија и тоа Гамбит Ассеко СЕЕ, Алкалоид, Јахја Кемал јуниор, Ласкер Охрид, Кочани и секако домаќинот ООУ „Наум Наумовски – Борче".

27.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree