На терен на локациите зафатени од пожари во Гази Баба
Градоначалникот Тони Трајковски беше на терен на локациите зафатени од пожар на територијата на општина Гази Баба.
Во н.м. Булачани вчера околу 12,00 ч. е забележан пожар и пријавен од жителите.
Околу 13,30 ч. противпожарната служба заедно со жителите пристапиле кон гаснење на пожарот кој ја зафатил тревата и ниско стеблестата шума.
На гаснење на пожарот се интервенирало се до 01,00 ч. при што бил локализиран, а биле оставени и дежурни луѓе за следење на состојбата.
Утрово против пожарните екипи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и од ЈП Македонски шуми, заедно со жителите од околните населени места исто така го гасеа пожарот, кој се проширил кон Липково, Раштак и Булачани.
Во акцијата за гасење на пожарот се ангажирани и два авиони и околу 100 луѓе, Работата ја отежнува силниот ветар и непристапниот терен.
Засега е изгаснат пожарот кај Булачани, а се интервенира во Раштак и Липково.
03.04.2017
true fall red dunks nike boots for women on sale