Нов ракометен клуб "Солидарност 1978"
Во спортската сала "Крсте Мисирков" во н.Ченто се одржа промоција на новиот ракометен клуб "Солидарност 1978".
Пред присутните гости на овој настан, свое обраќање имаше претставник од ракометниот клуб , кој се заблагодари на Град Скопје, општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт за несебичната помош и поддршка за возобновување на овој клуб.
Во своето обраќање градоначалникот Тони Трајковски изјави дека општина Гази Баба секогаш дава поддршка на спортот и спортските активности и го честиташе почетокот на новиот спортски клуб и посака многу успеси.
На настанот присуствуваше и познатиот ракометар Стевче Алушевски.
22.04.2017
AIR MAX PLUS