Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Обезбедивме чиста вода за пиење за жителите на Раштак

 

Во н.м Раштак, каде изминатите години имаше недостиг на питка вода, во моментот целиот водоводен систем е во исправна состојба, односно секундарната мрежа е функционална . Примарниот дел, кој  се снабдува од реката која се наоѓа во близина на селото Раштак и сите каптажи вклучувајќи го и резервоарот  од 120 м3 се комплетно исправни,  што значи  Раштак веќе од утре ќе се снабдува со чиста вода за пиење.

Истовремено, за н.м Раштак предвидуваме нов зафат, кој ќе се одвива од местото викано Калеш Мара, за кои што освен доесегашните 3 литри во секунда ќе обезбедиме уште плус 10 литри во секунда, со што ќе обезбедиме трајно користење на чиста вода за пиење  за 150 домаќинстав или за околу 400 жители на Раштак.

Ќе продолжиме со истото темпо и во останатите населени места кои немаат доволно вода, следен чекор е да обезбедиме чиста вода за пиење во н.м Булачани и н.м Страчинци, кои во моментот имаат недостиг на чиста вода за пиење.

Медиум: Како се снабдуваа досега жителите со вода за пиење во н.м Раштак?

Градоначалникот Георгиевски:  Во ридскопланинските делови на Скопска Црна Гора сите населени места се снабдуваат со каптажи и од изворите на Скопска Црна Гора.

Првиот дел на водоснабдителниот сисетм во н.м Раштак е изграден во 1972 година, но поради застарената секундарна мрежа, заради капацитетите и зголемување на селото и изградбата на викенд куќите, се создава проблем кој веќе е надминат.

Исто така и населените места Булачани, Виниче, Страчинци и Брњарци се со сопствени извори, немаат градски водовод, освен Црешево и Смилковци кои се снабдуваат преку градскиот водовод од градот Скопје.

Медиум: Колку е чиста водата за пиење во Раштак?

Градоначалникот Георгиевски: Водата овде е третирана на најпрофесионален начин, со пристапни каптажи и прочистителни станици, водата е хлорирана  комплетно и како квалитетна и чиста вода се  доставува до секое домаќинство.  Водиме сметка водата да биде чиста  и сигурна за употреба на граѓаните .

07.11.2017

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree