Одбележан Денот на ослободување на град Скопје
По повод одбележување на 13-ти ноември - Ден на ослободување на град Скопје, делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот Борис Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, пред гробот на генералот Михајло Апостолски и пред споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Р.М.
Цвеќе положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, делегација на град Скопје, предводена од градоначалникот, Петре Шилегов, делегација од Собранието на Република Македонија, делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, делегација на Генералштаб на АРМ, делегации од oпштините на град Скопје, делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје,делегација на Црвен Крст на град Скопје, делегации на средните училишта на Град Скопје, делегации на дипломатскиот кор, како и граѓани на Скопје.
13.11.2017