Одбележан Денот на победата над фашизмот
Во населбата Ченто, пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто, по повод одбележување на 9 Мај , Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа свежо цвеќе положија: Делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Тони Трајковски, делегација на Советот на општина Гази Баба, пратеничката во Собранието на Р.Македонија Жаклина Пешевска, делегација на здружението на борци на општина Гази Баба, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба, делегации на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ и Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, делегации од урбаните и месните заедници од општина Гази Баба, здружението на пензионери на општина Гази Баба како и жители на општината.
09.05.2017
Air Jordan 1