Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во ООУ „Кирил и Методиј" беше организирана едночасовна работилница со ученици од седмо до деветто одделение на тема „ Без јазик си никој и ништо".
На оваа работилница учениците твореа и истовремено ги збогатуваа своите знаења за мајчиниот јазик, потеклото, неговиот развој, значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на културниот идентитет.
На работилницата присуствуваа гости од Министерство за надворешни работи, г-дин Никола Ѓорчев раководител на одделение од секторот за национални приоритети и г-дин Стојче Ристов, кои се запознаа како во училиштето низ образовниот процес се негува македонскиот идентитет, a истовремено се разгледуваа и можностите за идна соработка помеѓу училиштето и Министерството за надворешни работи.
21.02.2017
Mens Nike Trainers