Одржана 57-та седница на Советот на Гази Баба
На 57-та седница на Советот на општина Гази Баба, членовите на Советот разгледаа повеќе прашања од Девниот ред меѓу кои беа усвоени следните:
1. Одлука за воспоставување соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за изградба на канализациони мрежи за населените места Трубарево, Ергеле, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма.
2. Одлука за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за изградба на фекална канализација во населените места Црешево, Смиљковци и Виниче.
3. Oдлуката за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за изградба на водоводна мрежа во н.м Раштак.
4. Oдлуката за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за реконструкција и санација на улици во населените места во Општина Гази Баба.
5. Одлуката за воспоставување на соработка помеѓу Општина Гази Баба и Град Скопје, за санација на ударни дупки на улиците во надлежност на Општина Гази Баба
28.02.2017
Asics Onitsuka Tiger