ООУ Његош го прослави својот патронен празник
НЕКА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА ВО НАС е мотото под кое ООУ Његош го прослави својот патронен празник, на кој директорот, Никола Настевски ги поздрави присутните гости.
Пред претставниците од Амбасадата на Црна Гора, на претставниците од црногорската заедница во Република Македонија, наставничкиот кадар, вработените, учениците и гостите, се обрати градоначалникот Борис Георгиевски, кој го честита патрониот празник и посака уште многу успешни години на училиштето.
- Континуитетот во квалитетно организираниот и имплементиран воспитно образовен процес, преку стручниот кадар на училиштето, придонесе од изминатите генерации да произлезат квалитетни кадри, кои биле репрезенти на општината и пошироко и верувам дека така ќе продолжите и во иднина.
Во успесите на училиштето, голема улога ќе има и општината со активности околу подобрувањето на условите за непречено и квалитетно одвивање на воспитно образовниот процес, истакна на крајот од своето обраќање, градоначалникот Георгиевски.
Наставниците заедно со учениците од училиштето имаа подготвено соодветна програма со која се претставија пред гостите.
10.11.2017
adidas superstar damen glitzer silber