Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општински Натпревар По Прва Помош

 

Општина Гази Баба во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гази Баба, го одржа 40тиот Општински натпревар по Прва помош за ученици од 8 основни и 3 средни училишта на територија на општина Гази Баба во паркот во н. Ченто. Натпреварот со поддршка од општината оваа година се реализираше по 8ми пат.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски ги поздрави натпреварувачите и им посака успех во овој натпревар но и да продолжат со успешна работа и на градско и државно ниво.

Тој континуирано дава поддршка за реализација на активностите на Општинската огранизација на Црвен крст Гази Баба. 

Во категорија на основни училишта прво место освои ООУ Кирил и Методиј, второто место припадна на ООУ "Наум Наумовски Борче" и третото место за ООУ "Крсте Мисирков".

Во категорија на средни училишта, прво место освои СУГС „Панче Арсовски", второ место СЕТУГС „Михајло Пупин" и трето место  АСУЦ "Боро Петрушевски".

06.05.2017

 

 

Off-White Shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree