Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Откриена биста на бранителот Бобан Ивановиќ

 

На плоштадот во н.м. Стајковци општина гази Баба заедно со семејството и месната заедница ја поставија биста на Бобан Ивановиќ, припадник на единицата за брзо распоредување, нашиот херој кој загина 2015 во Куманово, во одбрана на Република Македонија.

За неговиот живот како родител, сопруг, син, брат, другар, професионалец во својата работа и почитуван жител во своето населено место, зборуваа секретарот на месната заедница Стајковци, Тони Бојковски и претставникот од општина Гази Баба, Тодор Петров.

Бистата на Бобан Ивановиќ ја открија градоначалникот Тони Трајковски, заедно со сопругата на Бобан Ивановиќ и неговата внука Бобана, а потоа свежо цвеќе пред неговиот споменик положија: сопругата, синот и снаата, родителите и братот, делегација од општината, другарите од единицата за брзо распоредување, претставници од урбаната заедница и од ОУ „Кирил и Методиј“, претставници од ОК на ВМРО ДПМНЕ Гази Баба, членови на Здружението на Бранители на Македонија 2001, претставници од УЗ Хиподром, роднини, другари и пријатели.

Со голема почит да се потсетиме на сите кои покрај Бобан Ивановиќ го дадоа својот живот во одбрана на Македонија во 2015 година во Куманово: Жарко Кузмановски од Брвеница Тетово, Ненад Серафимовски од Зубовце Гостивар,Сашо Самојловски од Брвеница Тетово, Горан Илиевски од Гостивар, Исамедин Османи од Студеничани Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје и Горан Стојменовиќ од Инџиково Скопје.

24.05.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree