Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Отворен Ресурсен центар на СОС Детско Село Македонија

 

Градоначалнкот Тони Трајковски присуствуваше на официјално и свечено отварање на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија. СОС Детско село Македонија повеќе години работи на унапредувањето на состојбата на децата и младите во социјален ризик во општина Гази Баба.

Во 2016 година во соработка со општината беше реновиран дел од постоечкиот објект во градинката „25 Мај“, објект „Искра“ во населбата Ченто, кој сега функционира како модерен ресурсен центар.

Во него, граѓаните на општината, пред сѐ младите и семејствата во социјален ризик ќе имаат пристап до поголем број на услуги, кои ќе им помогнат во подобрувањето на социо-економската состојба и во отворањето на можностите за вработување.

Во своето обраќање, градоначалникот Трајковски, истакна дека соработката со СОС Детско село Македонија е долгогодишна и ја поддржуваме секоја заложба на организацијата, знаејќи дека тоа ќе биде придонес кон подобрување на состојбата на нашите сограѓани, посебно за младите и младите родители во ризик.

И до сега сме имале плодна соработка и сигурни сме дека како и до сега и оваа заедничка заложба помеѓу општината Гази Баба и СОС Детско село Македонија, наскоро ќе резултира со голем број на среќни деца, млади поединци и семејства.

На свеченоста, директорката на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова Гапо изјави дека успешната соработка со општината Гази Баба нѐ донесе до финализирањето на еден проект од посебно значење за општината, но и пошироко, за градот.

Ресурсниот центар кој денеска го отворивме ќе има посебно значење за младите и семејствата во социјален ризик со кои СОС Детско село Македонија работи подолг период.

Сигурни сме дека ќе помогнеме на многу деца, млади луѓе и млади семејства да го подобрат својот живот, да застанат на сопствени нозе и преку најразновидните обуки и поддршка кои им ги нудиме, да можат да отпочнат нов живот преку отворањето на можностите за вработување и за самовработување, откако ќе добијат нови квалификации во новиот Ресурсен центар.

Секако, со ова директно ќе се подобри и животот на децата во семејствата.

Во рамките на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија ќе функционираат Програмата за зајакнување на семејствата и Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик, преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба“.

СОС Детско село е организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици.

10.03.2017

 

 

true fall red dunks nike boots for women on sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree