Патронен празник на ООУ „Григор Прличев“
ООУ „Григор Прличев“ го прослави својот 53 – ти патронен празник. По тој повод директорката Сузана Танева ги поздрави присутните, а градоначалникот Тони Трајковски им го честиташе патрониот празник на сите вработени во училиштето и на учениците, на кои им порача дека најголемата придобивка од учењето го имаат самите тие и само со знаење можат да бидат подобри личности, кои ќе бидат гордост на општината Гази Баба, градот Скопје и Република Македонија.
По повод празникот на училиштето, учениците со своите наставници по одделни предмети направија презентација, во која се претставија стекнатите знаења и нивната креативност.
24.03.2017
jordan Release Dates