Предновогодишен фудбалски турнир
Во спортската сала „Методија Андонов- Ченто“ се одржа Традиционалниот турнир во фудбал „Гази Баба 2017“, со мотото „Спортуваме,среќни сме“. Спортскиот настан што се одржа по 4 пат е под покровителство на општина Гази Баба , а во организација на ОФС Гази Баба.
Повеќе од 200 деца три дена се натпреваруваа и другаруваа.
Пехари и благодарници за најдобри екипи за генерација 2008 добија: Трето место- ФК Скупи Промо Фоот, Второ место- ФК Форца Вардар, Прво место- ФК Фортуна 2009.
За најдобар голман е прогласен Муса Алими од ФК Скупи, најдобар стрелец е Александар Арсовски од ФК Форца, а најдобар играч е Ринат Бајрами од ФК Фортуна. За најперспективен играч е прогласен Емин Шеватиќ.
Пехари и благодарници за најдобри екипи за генерација 2007 добија: Трето место- ФК Форца Вардар, Второ место- ФК Смилковци, Прво место- ФК Нова Колонија.
За најдобар голман е прогласен Марко Илиовски од ФК Форца,најдобар стрелец е Стефан Милчевски од ФК Смилковци, а најдобар играч е Дамевски Филип.
Сите учесници на турнирот добија благодарници за учество и новогодишни пакетчиња.
Градоначалникот Борис Георгиевски ги поздрави учесниците и присутните гости и изјави дека општина Гази Баба го поддржува спортот и понатаму ќе продолжи со поддршка се со цел да се задржи спортскиот дух кај младите и ќе се стремиме Гази Баба да го задржи приматот најспортска општина.
24.12.2017
Air Jordan