Предновогодишни посети на градоначалникот Георгиевски
Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот Борис Георгиевски ги посети Училиштето за деца со посебни потреби „Иднина", Дневниот центар за деца од улица, Дневниот центар за деца со посебни потреби Железара и дечињата од СОС Детско село.
Традиционално и оваа година општината заедно со Црвен Крст Гази Баба додели новогодишни пакетчиња за дечињата.
Георгиевски искажа благодарност до нив за можноста која му ја дадоа да им ги честита новогодишните празници, да им посака многу среќа и здравје во новата 2018 година. Како општина ќе останеме силен партнер на овие институции и во иднина.
Исто така, со Општинската Организација на Црвен крст Гази Баба градоначалникот подели и пакетчиња за децата од социјално ранливите семејства.
27.12.2017
Buty treningowe do biegania w terenie