Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Прес конференција на градоначалникот Георгиевски за измените и дополнувањето на Законот за легализација

Почитувани граѓани,

Согласно последните измени и дополнувања на законот за постапување со бесправно изградени објекти број 190 од 2017 година дозволете ми да ве информирам за следните фактички информации:

Заклучно со 31.12.2017 година во општина Гази Баба примени се вкупно 18.505 барања за легализација. Од нив, во постапка на решавање биле 14.221 барање, од кои увид за утврдување на фактичката состојба на лице место е направен за 11.075 барања, а се уште увид не е направен по 3.146 предмети.

До сега обработени се 11.626 предмети, од кои позитивно се решени 7.342 (40%) предмети, а 4.284 (23%) предемти се без доставени елаборати, кои се затворени со решение за одбивање на барањето.

Согласно поселедните измени на законот за постапување со бесправно изградени објекти, сите иматели на бесправни објекти, кои по било кој основ не поднеле барање, а на чиј објект, заклучно со 3 март 2011 се изведени градежните и инсталетерските работи во целост, истите претставуваат градежна и фукнционална целина. Тие граѓани можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од денот на започнување на примената на овој закон до 31 декември 2018 година.

Барателите на кои од денот на започнување на примената на овој закон им било одбиено барањето, односно 4.284 предмети, кои се без поднесени геодетски елаборати, можат да поднесат ново барање поради некомплетирана документација пропишана со овој закон во рок од 6 месеци од денот на примената на овој закон, односно до 30 јуни 2018 година.

Сите баратели кои соглсасно роковите предвидени во новите измени на законот нема да ја достават потребната документација, надлежниот орган ќе мора да го одбие нивното барање за утврдување на правен статус на бесправен објект.

03.01.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree