Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Продолжува акцијата за асфалтирање на улици во поплавените подрачја

 

Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП Улици и патишта, Синиша Ивановски беа на работна посета во населеното место Инџиково каде се врши асфалтирање на крак на улица 2, во должина од 260 метри и ширина од околу 4,5 метри.

Градоначалникот Трајковски во својата изјава истакна дека општина Гази Баба продолжува со активностите за санација на патната инфраструктура во  општината во местата кои беа зафатени со елементарната непогода.

"Минатата година успеавме да асфалтираме повеќе од 50 улици, додека за оваа година планираме да асфалтираме 80 улици. Покрај овие улици, работиме паралелно на санација на улицата број „10" во должина од околу 700 метри, а започнавме и со санацијата на улица број „12", која е во должина од околу 1.000 метри. Пред неколку денови ја завршивме втората фаза од улицата „Антон Велковски" во н. Стајковци, а во соработка со Градот Скопје интензивно се работи и на целосна реконструкција на ул. „Алија Авдовиќ" во Синѓелиќ, каде ќе биде изградена нова атмосферска канализација и поставено ново улично осветлување."

 Нов слој асфалт ќе се постави на потегот од автобуска -последна 45 до мостот на улицата Алија Авдовиќ, во должина од 520 метри и 6 метри ширина и нови тоатоари од двете страни на улицата" рече Трајковски.

 

18.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree