Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Продолжува расчистување на улиците од снег во Гази Баба

 

Во периодот зафатен со снежни врнежи на територијата на општина Гази Баба, продолжуваат активностите на фирмите задолжени за зимско одржување во општината, кои постојано интервенираат на терен со својата механизација за расчистување на теренот.

Покрај четирите возила со специјализирана механизација, кои можат истовремено да го чистат снегот и да фрлаат сол и ризла обезбедени се уште шест градежни машини, 4 скипа и 2 бобкат машини за расчистување на снегот.

Приоритет имаат улиците по кои се движат возила за јавен превоз и угорните улици во н. Железара и н. Ченто, но постојано се интервенира низ целиот урбан дел како и во сите населени места, Стајковци, Брњарци, Страчинци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани и Раштак. Досега се фрлени 100 м3 ризла и 190 тони сол во сите населени места во опптината.

Сите патни правци на територијата на општина Гази Баба се проодни, сообраќајот во урбаниот и руралниот дел се одвива без застој.

Апелираме до сите физички и правни лица да се придржуваат кон обврските согласно Законот за јавна чистота, за расчистување на пристапните патеки пред објектите, со што би се овозможило побезбедно движење.

18.01.2017

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree