Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Проект за приклучување на топловоден систем на АД ЕЛЕМ Енергетика

 

Градоначалникот Тони Трајковски, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, во н. Хиподром одржаа прес - конференција за можноста за приклучување на колективните станбени објекти кои не користат парно греење, кон топловодот на ЕЛЕМ Енергетика, од населбите Автокоманда, Триангла и Хиподром.

Во својата изјава, градоначалникот Тони Трајковски истакна дека овој проект комплетно ќе го субвенционираат општина Гази Баба, АД ЕЛЕМ и градот Скопје, односно општина Гази Баба и градот Скопје ќе учествуваат заедно со АД ЕЛЕМ во изградбата на примарната и секундарната мрежа, а АД ЕЛЕМ ќе ја финансира терцијалната мрежа во становите, која граѓаните ќе можат да ја отплатат на рати без камата.

Тој исто така додаде дека ќе се субвенционира и нова примарна мрежа на улиците „Анри Барбис“ во Триангла и „“Јордан Поп Јорданов„ и „Јордан Пиперката“ во Маџари, каде општината ќе учествува во изградбата на улиците, односно по поставувањето на инстралацијата, истите ќе се истампонираат и асфалтираат.

Општината помага и во изработката на комплетната проектна документација за целата инсталација.

Со овој проект се опфатени 950 станови во зградите и 113 куќи, односно над 1050 домаќинства.

Директорот на АД ЕЛЕМ кажа дека ќе се направи безкаматно кредитирање на семејствата за инсталацијата во домовите и тоа од 60 до 120 рати, кои ќе бидат вкалкулирани во сметките.

Се планира со работите да се започне кон крајот на годината, односно веќе следната грејна сезона новоприклучените домаќинства да имаат парно греење.

Со реализација на овој проект ќе има големи бенефити од аспект на екологијата, затоа што се користи природен гас, енергетска ефикасност и намалување на сметките на корисниците, бидејќи со зголемување на бројот на корисници, се намалува и износот кој треба домаќинствата да ги платат за користење на топлинска енергија.

Градот Скопје се приклучува кон овој проект, согласно Стратегијата за климатските промени на град Скопје , како и планот за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух 2013 - 2017, со кои се предвидува на компаниите БЕГ и АД ЕЛЕМ Енергетика кои ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија, да стигнеме до што повеќе домаќинства, а со тоа да го намалиме загадувањето во градот Скопје, а воедно да се направи и поголема енергетска ефикасност, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

17.07.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree