Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Пролетна акција

 

Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот Коце Трајановски во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ засадија висококвалитетни дрвја во парк шумата Гази Баба.

Со оваа акција Градот Скопје продолжува со засадување на дрвја на територија на сите општини, која е континуитет од есенската акција и каде вкупно досега се посадени 250.000 дрвја, во соработка со ЈП „Македонски шуми“, од кои 5000 се висококвалитетни дрвја.

Овие дрвја се садат по булеварите, по парковите, во парк шумата Гази Баба, во спортско рекреативниот центар во Сарај ,кон Матка и секаде онаму каде што има простор за садење.

Во изминатата недела и во текот на денешниот ден во парк шумата Гази Баба се посадени висококвалитетни 650 дрвја, на делот од парк шумата која гледа кон центарот на градот Скопје.

На оваа локација која во минатото беше ледина, минатата и оваа година се насадени околу 1000 дрвја. За минатогодишните дрвца ЈП „Паркови и зеленило“ постојано се грижеше и голем број од нив оваа пролет се разлистаа. Исто така и оваа година и за новонасадените дрвја ЈП „Паркови и зеленило“ ќе продолжат да се грижат за наводнувањето, кои за неколку години ќе израснат и ќе направат убава густа шума.

- „Овие акции се од големо значење за градот Скопје, за подобрување на еколошката состојба и да има подобри услови“, истакна градоначалникот Коце Трајановски во својата изјава.

Градоначалникот Тони Трајковски во својата изјава ја истакна важноста на пошумувањето на пределите низ Гази Баба и заедничкото одржување на дрвцата со постојаната грижа и да се внимава при посетите да не се оштетуваат дрвцата и при излети да не се предизвикуваат пожари.

Општина Гази Баба заедно со ЈП „Македонски шуми“ продолжува со засадување на дрвца на оние места кои беа порозни во делот на Скопска Црна Гора , а во акцијата активно се приклучи и Здружението на пчелари кои заедно со општината ќе засадуваат багреми на места кои се погодни за чување на пчели од кои ќе имаат бенефит и тие и жителите на општина Гази Баба.

30.03.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree