Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Пролетна акција за расчистување на Гази Баба

 

Во општина Гази Баба во тек е пролетна акција за расчистување, која се одвива во соработка со јавните претпријатија од градот Скопје.

Во акцијата се вклучени ЈП Комунална хигиена, ЈП Водовод и канализација, ЈП Паркови и зеленило, ЈП Улици и патишта, ЈП Гази Баба и ЈП Градски паркинг, кои секој во својот домен вршат расчистување и средување во населените места во општината, во координација со секретарите од месните и урбаните заедници и претставниците од општината.

Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, одржаа прес конференција за текот на акцијата, каде присуствуваа и директорите и претставници на јавните претпријатија и претставници на администрацијата од општината и град Скопје.

  • Се работи на уредување на парковите, улиците, тротоарите, расчистување на кабастиот отпад, односно расчистување на насобраниот отпад во зимскиот период. Со јавните претпријатија продолжуваме со расчистувањето, како редовна активност. Нашето јавно претпријатие „Гази Баба 2007“, каде имаме вработено 40 сезонски работници, има координација со пунктовите кои се поставени на територијата на општината и ги детектираат местата за интервенција. Оваа година во Програмата на јавното претпријатие е планирно набавка на две специјализирани возила за чистење, метење и одржување на улиците, со што во голема мерка ќе се подобри хигиената во населените места.

Во пролетната акција се вклучени и градинките и основните училишта, каде децата беа вклучени во уредувањето на просторот околу објектите и каде се одржаа голем број на едукативни работилници.  Се работи и на подигање на јавната свест на граѓаните, да ги мотивираме да се вклучат во заедничката активност, заедно да придонесеме за почиста и поздрава животна средина.  истакна градоначалникот Тони Трајковски во својата изјава.

Градоначалникот Трајановски ја истакна одличната соработка со општината Гази Баба и јавните претпријатија при заедничките активности во расчистување на подрачјето на општината.

 

23.03.2017

 

 

adidas Yeezy 350

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree