Георгиевски - Тимоние: Музиката амбасадор за зближување на двата народи
Градоначалникот Борис Георгиевски, имаше протоколарна средба со Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние, кој му честита за изборот за градоначалник и му посака успех во понатамошната работа.
На средбата присуствуваше и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.
На почетокот на средбата, градоначалникот Георгиевски му ја претстави личната карта на оштината Гази Баба на Амбасадорот Тимоние и неговата заложба за реализирање на проекти, кои ќе го подобрат животот на граѓаните во општината, посебно осврнувајќи се на проектите од инфраструктурата.
На средбата Амбасадорот се забалагодари за поддршката при реализацијата на Проектот за изградба на најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика, кој се наоѓа во Автокоманда, со што ќе се направи промоција на светско ниво на општината и Република Македонија. Градоначалникот Георгиевски потенцираше дека ЈПП со домашна и странска инвестиција е единствен исчекор за иднината, во секој сегмент на делување во општината
Исто така, Градоначалникот и деканот Дујовски, разговараа за заедничката успешна соработка и за проекти кои би се реализирале во иднина.
На крајот на средбата, градоначалникот и Амбасадорот се договорија за понатамошна соработка и реализирање на заеднички проекти.
07.11.2017